Турција

Туркије го одбележува Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ

- Министерството за надворешни работи на Туркије денес го одбележа Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, потврдувајќи ја својата непоколеблива поддршка за Палестина

Muhammed Yasin Güngör  | 29.11.2024 - Обновена : 29.11.2024
Туркије го одбележува Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ

ИСТАНБУЛ (АА) - Министерството за надворешни работи на Туркије денес го одбележа Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, потврдувајќи ја својата непоколеблива поддршка за Палестина, јавува Анадолу.

„Силно ја повторуваме нашата посветеност на братскиот палестински народ, секогаш ќе го поддржуваме во неговата борба за слобода, независност и достоинство“, се вели во соопштението на Министерството.

Денот, кој се одбележува секоја година на 29 ноември, ги истакнува палестинските аспирации за мир, правда и самоопределување.

Во 1977 година на одбележување на овој ден повика Генералното собрание на Обединетите нации со резолуцијата 32/40 Б. На истиот ден 30 години претходно, во 1947 година Собранието ја усвои резолуцијата за поделба на Палестина со резолуцијата 181.

Бруталната израелска офанзива следуваше по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас во октомври минатата година. Оттогаш во израелските напади се убиени речиси 44.300 луѓе, главно жени и деца, а повредени се над 104.700.

Минатата недела Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата смртоносна војна против Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.