Ekip
07 Март 2022•Ажурирај: 08 Март 2022
ЕРУСАЛИМ (АА) - Русија го извести Израел дека знае каде се наоѓа украинскиот претседател Владимир Зеленски, јавуваат денес израелските медиуми, пренесува Агенција Анадолија (аА)
Израелскиот Канал 12, повикувајќи се на неименувани израелски официјални лица, објави дека Русите им кажале на неколку земји дека не сакаат да му нанесат штета на украинскиот лидер, туку претпочитаат да го одржат во живот и да го уапсат.
Нема коментар од украинските власти за извештајот.
Во неделата, израелскиот премиер Нафтали Бенет се состана со рускиот претседател Владимир Путин во Москва и германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин во обид да посредува за прекин на огнот во Украина.
Голем број земји, вклучително и Турција, исто така понудија да посредуваат меѓу Русија и Украина за да се стави крај на руската војна против Украина, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со Путин во неделата.
Војната на Русија против Украина наиде на незадоволство од меѓународната заедница, при што низа економски санкции кон Москва воведоа меѓу другите воведоа и Европската унија, Велика Британија и САД.
Според податоците на ОН, најмалку 364 цивили се убиени и 759 се повредени во Украина откако Русија започна војната против оваа источноевропска земја на 24 февруари, а се стравува дека реалниот биланс е поголем.
Агенцијата за бегалци на ОН информираше дека повеќе од 1,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина и преминале во соседните земји.