Merve Özlem Çakır
01 Декември 2022•Ажурирај: 02 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за трезор и финансии на Туркије одлучи да го замрзне имотот на неколку поединци и ентитети поврзани со терористичката организација ДАЕШ, објави Службениот весник, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Имотот на 17 лица и 4 правни субјекти поврзани со терористичката организација ДЕАШ беа замрзнати врз основа на нивната финансиска помош за терористичката организација.
Туркије во 2013 година стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш, земјата беше нападната од терористичката организација повеќепати, при што загинаа над 300 луѓе, а стотици беа повредени во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади.
Како одговор, Туркије започна антитерористички операции дома и во странство за да спречи понатамошни напади.