Diyar Güldoğan
07 Декември 2022•Ажурирај: 08 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Туркије откри уште едно нелегално истуркување на илегални мигранти од страна на грчките власти, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„На 4 декември 2022 година, беспилотно летало на турската морнарица откри нерегуларни мигранти префрлени во чамец на надувување и туркани назад кон турските територијални води од страна на грчката крајбрежна стража јужно од Бозбурун во Егејското Море“, објави Министерството на Твитер.
Се истакнува дека за ситуацијата веднаш била известена турската крајбрежна стража, која ги спасила нерегуларните мигранти, кои биле оставени во опасност поради истуркувањето.
Министерството, исто така, на својот профил на Твитер сподели снимка од нелегалната практика која ја користат грчките служби.
Туркије е клучна транзитна рута за нерегуларните мигранти кои сакаат да преминат во Европа за да започнат нови животи, особено оние кои бегаат од војна и прогон во нивните земји.
Туркије и глобалните групи за човекови права постојано ја осудуваат нелегалната практика на Грција, велејќи дека таа ги крши хуманитарните вредности и меѓународното право со загрозување на животите на ранливите мигранти, меѓу кои има и жени и деца.