Beşir Kelleci
30 Јуни 2022•Ажурирај: 01 Јули 2022
БАЈБУРТ
Во последниот ден од јуни во областа Бајбурт во Туркије се изведуваа работи за расчистување на снегот на планинските патишта, известува Агенција Анадолија (АА).
Екипата под раководство на Фират Турк, шеф на специјалната провинциска управа за градежништво на градот Конурсу, го расчисти снежниот нанос на патот на висорамнината Халдизен, кој на некои места достигнуваше височина и до 3 метри. Патот кој ги поврзува областите Бајбурт и Трабзон, изграден на надморска височина од 2.700 метри, познат е и како „регион на седумте езера“.
Тимот го расчисти снегот од патот кој меѓу стрмните падини на планините Соганли води до езерото Ајгир, езерото Баликли, езерото Дипсиз, езерата Икиз, езерото Кара, езерото Саричичек и езерото Пиромер.
Патот кој во зимскиот период е затворен за транспорт поради обилниот снег, се расчистува од снегот и се отвора за превоз, бидејќи во лето овој регион е особено посетуван од љубителите на природата.
Локалните и странските туристи, кои сакаат да го поминуваат времето сами со природата, далеку од стресот и вревата на градот, покажуваат особен интерес за регионот на седумте езера, каде што имаат можност да го видат уникатното единство на тонови на зелено и сино.