Ferdi Uzun
30 Јуни 2023•Ажурирај: 01 Јули 2023
АЈДИН (AA) - Четири крузери со 8.247 туристи се укотвија на брегот на Кушадаси, кој важи за еден од позначајните центри на туризмот за крстосување, сместен во турската област Ајдин, јавува Анадолу.
Бродовите „Silver Spirit“ и „Odyssey Of The Seas“ кои пловат под бахамско знаме, бродот „Club Med 2“ кој плови под француско знаме и бродот „Oosterdam“ кој плови под холандско знаме се укотвија на пристаништето Кушадаси на егејскиот брег.
Некои од туристите што се симнаа од крузерите, со туристички автобуси, заминаа во посета на античкиот град Ефес и Куќата на Богородица во местото Селчук во турската област Измир. Останатите заминаа со турата што ги однесе до центарот на Кушадаси.
Крузерите, во кои туристите претежно се државјани на САД и Велика Британија, во вечерните часови го напуштија пристаништето и отпловија за Грција.