Fatih Çağlar Demirbaş,Ferhat Yasak
27 Март 2023•Ажурирај: 28 Март 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку шест лица загинаа денес во сообраќајна несреќа во истанбулската област Силиври, јавува Анадолу.
Според информациите до кои дојде новинарот на Анадолу, камионот кипер преминал на спротивната лента и удрил во два автомобила откако возачот изгубил контрола.
Во несреќата загинаа најмалку шест лица, додека три лица се повредени.
На терен се пратени противпожарни, здравствени и полициски екипи.
По укажаната прва помош на местото на несреќата повредените се пренесени во болница.
Поради несреќата сообраќајот на автопатот се одвива по една коловозна лента.