Erhan Cihan Ünal
29 Ноември 2022•Ажурирај: 30 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Се проценува дека турската економија во третиот квартал од 2022 година ќе забележи годишен раст од 3,9 отсто, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Статистичкиот институт на Туркије (ТуркСтат) утре ќе објави официјални податоци за бруто-домашниот производ (БДП) за периодот јули - септември.
Економистите на ТуркСтат очекуваат годишен раст од 3,9 отсто во третиот квартал.
Економистите исто така предвидуваат и дека годишниот БДП во 2022 година ќе се зголеми за 5,2 отсто.
Турскиот БДП се зголеми за 7,5 отсто во првиот квартал и 7,6 отсто во вториот квартал од оваа година.