Fatih Erkan Doğan
31 Март 2017•Ажурирај: 01 Април 2017
АНКАРА (АА) - Турската економија забележа раст со стапка од 2,9 проценти во 2016 година, објави денес Турскиот институт за статистика, јавува Anadolu Agency (AA).
Годишната стапка на раст беше многу повисока од просечната прогноза предвидена во истражувањето на финансискиот деск на АА, од една година претходно, со кое се предвиде раст на бруто домашниот производ (БДП) од 2,3 отсто во 2016 година.
БДП во Турција, во четвртиот квартал, исто така беше значително повисок од просечните процени на експертите, со 3,5 отсто во споредба со предвидувањата од 2,4 отсто.