ИЗМИР/ЕСКИШЕХИР (АА) - Турската полиција приведе 76 осомничени лица поради нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА
„Антитерористичките и разузнавачки тимови утврдија дека 66 осомничени често ги менувале своите адреси за да избегнат да бидат фатени и изнајмувале „безбедни куќи“ преку нивните роднини, кои немаат евиденција за поврзаност со терористичката организација“, велат извори, кои зборуваа под услов да останат анонимни.
Операцијата за приведување на идентификуваните осомничени лица беше спроведена како дел од истрагата извршена од обвинителите во областа Измир.
Осомничените - меѓу кои високи членови и т.н. „тајни имами“ на терористичката организација, беа приведени во операциите во Измир во раните утрински часови.
За време на рациите, полицијата исто така заплени неоткриена сума пари, лажни документи и дигитален материјал.
„Во друга операција започната во централната област Ескишехир, вклучувајќи ги областите Истанбул, Мугла и Дијарбакир, се приведени уште 10 припадници на ФЕТО, во рамките на истрагата за инфилтрација на терористичката организација во војската“, вели безбедносен извор.
„Приведувањата се извршени откако обвинителите во Ескишехир издадоа налози за осомничените, меѓу кои и воени офицери на активна должност“, додава изворот.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.