Erdoğan Çağatay Zontur
07 Септември 2020•Ажурирај: 08 Септември 2020
ЕДРЕНЕ (АА) - Тројца припадници на ФЕТО, што се обидувале да преминат во Грција, се приведени денес во северозападниот дел на Турција, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Осомничените се приведени во турската област Едрене, која граничи со Грција и Бугарија, од страна на турската полиција“, вели извор кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Минатата недела, шест осомничени лица, припадници на ФЕТО, кои се обидувале да преминат во Грција преку Турција, беа фатени во забранета воена зона во Едрене.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на своите припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.