Jeyhun Aliyev
11 Февруари 2019•Ажурирај: 12 Февруари 2019
АФИОНКАРАХИСАР (АА) - Турската државна поштенска служба има за цел оваа година да започне систем за испорака со дронови.
„Се надеваме дека испораките со дронови ќе започнат оваа година“, изјави генералниот директор на ПТТ, Кенан Бозгејик, за Аnadolu Аgency (AA).
Бозгејик истакна дека поштенската служба започнала проект за формирање мрежа на автоматски шкафови и машини за пакување пратки, со цел надминување на нефлексибилноста во процесот на испорака.
Тој рече дека корисниците едноставно ќе го внесат кодот за пристап за да отворат еден од шкафовите на подвижните терминали наречени „Каргомат“.
„Голем број такви терминали се поставени во главниот град Анкара, а се очекуваат повеќе Каргомати во Истанбул и Измир“, рече Бозгејик.