Barış Gündoğan
06 Јануари 2023•Ажурирај: 06 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Турската разузнавачка служба неутрализира висок терорист во северна Сирија осомничен за поврзаност со МЛКП, екстремно левичарска терористичка организација, соопштија денеска безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Зеки Гурбуз, со кодно име „Ахмет Шореш“, беше цел на операцијата на турската национална разузнавачка служба во сириската област Ал Хасека“, соопштиа изворите кои сакаа да останат анонимни.
„Терористот стои зад ракетниот напад во 2022 година врз турските безбедносни сили на границата со Сирија и нападот во 2022 година врз возилото во кое се наоѓаа затворските чувари во северозападната област Бурса“, рекоа изворите.
Тој станал водач на терористичката организација во Туркије во 2008 година, откако долги години оперирал како таканаречен лидер на ФЕСК, вооруженото крило на МЛКП.
Гурбуз беше фатен во Грција во февруари 2013 година. Откако го одби барањето на Туркије за екстрадиција на терористот, Грција го ослободи во април 2013 година. Подоцна, Гурбуз се пресели од Грција во Ирак, а потоа во Сирија, каде што почна да е дел од МЛКП.
Гурбуз, кој претходно беше задолжен за таканареченото воено крило на МЛКП, почна да дејствува како т.н. сириски водач на терористичката група откако Баран Серхат, со кодно име „Бајрам Намаз“, беше неутрализиран во март 2019 година.
Утврдено е дека Гурбуз управувал и со финансиските ресурси на терористичката организација и префрлал пари во сите области.
МЛКП е основана во 1994 година, а во 2007 година во Туркије е ставена на листата на активни терористички организации.
Терористичката организација е одговорна за многу напади во Туркије и северна Сирија, вклучувајќи го и бомбардирањето на автобус на јавниот превоз во Истанбул во 2004 година, кога загинаа тројца цивили.