Tuğba Altun
06 Јануари 2023•Ажурирај: 10 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - При разговори за нормализација меѓу специјалните претставници на двете земји, Туркије и Ерменија ги укинаа бариерите и почнаа директна воздушна карго трговија од 1 јануари, соопштија денеска дипломатски извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според изворите, одлуката им е соопштена на турските здруженија на извозници од страна на турското Министерство за трговија.
По долгогодишни несогласувања, Анкара и Ереван решија да ги поправат односите. Минатиот јануари во Москва се одржа првата рунда преговори за нормализација и двете страни се согласија да продолжат со преговорите „без никакви предуслови“. Потоа беа одржани уште две рунди преговори во февруари и мај.
На 2 февруари 2022 година, двете земји ги продолжија комерцијалните летови по двегодишна пауза.
Историска билатерална средба се одржа и меѓу министрите за надворешни работи на Туркије и Ерменија на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија на 12 март.