Ekipa
28 Јануари 2021•Ажурирај: 29 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Турски авион танкер изврши дополнување на гориво воздух-воздух во ноќни услови за првпат во историјата на НАТО, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за одбрана, денеска (28 јануари) сподели видео на својот профил на социјалните мрежи кое ги прикажува моментите на дополнување гориво во воздух, над Романија.
„Авионот на НАТО Е-3А АВАКС, кој полета од Германија во рамки на активностите на источните граници на Алијансата, се дополни со гориво над Романија со авион танкер KC-135R кој им припаѓа на нашите воени сили. Со оваа мисија, за првпат, авион на НАТО се наполни со гориво за време на ноќна мисија“, соопшти турското Министерство.
Надополнувањето на гориво воздух-воздух е важно за борбената способност на воздухопловните сили, како и за ефикасноста и опсегот. Ја одржува супериорноста на воените воздухопловни сили и нивната способност да ги таргетираат непријателските сили на поголеми растојанија.