Burcu Arik
10 Септември 2016•Ажурирај: 10 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турските воздухопловни сили изведоа нови воздушни напади во кои доцна вчерата беа уништени вкупно девет упоришта на терористичката организација ПКК во југоисточниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската армија утрово соопшти дека врз основа на разузнавачки информации турските напаѓачи синоќа уништиле девет упоришта на ПКК во дистриктот Шемдинли во покраината Хаќари.
Планинските падини и ридови на перифериите на пограничната провинција Хаќари се важна рута на терористите на ПКК кои делуваат во југоисточниот дел на Турција и во северен Ирак. Во последниве неколку дена турските сили вршат операции за да ги неутрализираат терористичките елементи во регионот.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и Европската унија, а станува збор за група која повеќе од три децении води вооружена кампања против Турција.