Handan Kazancı
16 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Хеликоптер со осум лица кои беа вклучени во обидот за државен удар од страна терористичката организација ФЕТО, како што се наведува се спуштил во Александрополис, Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Турција денес побара од Грција екстрадикција на осумте војници кои слетаа во Грција по обидот за државен удар доцна синоќа.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, на социјалната мрежа твитер денес напиша: „Ние побаравме итно предавање на осумте војници-предавници кои слетаа во Грција со хеликоптер”.
Турскиот воен хеликоптер слетал во градот Александрополис, на северот на Грција, а членовите на екипажот побарале политички азил.
Главниот штаб на полицијата во Комотини за АА потврди дека осумте лица, војници, се уапсени од страна на грчката полиција во 11:50 часот претпладне, по локално време.