Zafer Fatih Beyaz
10 Ноември 2023•Ажурирај: 12 Ноември 2023
АНКАРА (АА) - Припадниците на Турската разузнавачка служба (МИТ) изведоа уште една успешна антитерористичка операција во северниот дел на Ирак во која е неутрализиран терористот Јадин Булут, којшто во структурите на терористичката организација ПКК/КЏК раководел со активностите поврзани со трговијата со дрога и перење пари, пренесува Анадолу.
Терористот Булут, со кодно име „Ризгар Сувар“, неутрализиран е во антитерористичка операција на МИТ во северен Ирак откако се добиени информации за движењето на терористот Булут кој криумчарел дрога.
Станува збор за терорист којшто во рамките на терористичката организација ПКК/КЏК дејствувал на подрачјето на северноирачките планински региони Кандил и Хакурк-Авишин од 2015 година.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската Унија и во САД.
Во текот на повеќедецениската кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и новороденчиња.