ИСТАНБУЛ (АА) - Мусаб Туран
Фуркан Касап, студент на втора година на Факултетот за индустриски дизајн при Универзитетот за ликовни уметности „Мимар Синан“ во Истанбул, со својот дизајн наменет за „Apple MacBook Pro“, стана дел од агендата во светот на технологијата.
Благодарение на дизајнот што го изработи во делот од тастатурата Touch Bar, во кој е сместени функциските копчиња, дизајнерот Касап позиционирал апликации од смарт-телефоните. Овој дизајн силно одекна во светот на технологијата и 27 блога за дизајн и информативни страници го објавија неговиот дизајн на 11 различни јазици.
Фуркан Касап во август минатата година го дизајнираше концептот „Apple MacBook Pro Touch 2018“, кој од страна на веб-страниците коишто го објавија неговиот концепт, беше опишан како „неверојатна тастатура за Mac“.
Касап во разговор со новинарот на АА изјави дека неговата љубов кон дизајнот започнала уште во основното училиште, кога почнал да црта дводимензионални цртежи на автомобили, а продолжила во средното училиште, кога почнал да користи Фотошоп. Тој истакна дека со префрлувањето на своите цртежи во дигитална средина започнал да ги совладува 3Д-програмите за анимација.
„Сакам да станам дизајнер на автомобили. По средното училиште сфатив дека треба да студирам индустриски дизајн. Започнав да се подготвувам за приемниот испит за таленти на Универзитетот „Мимар Синан“. Во тој период, бидејќи истовремено и работев, не успеав да се запишам, но третата година се запишав на овој универзитет“, рече Касап.
- „Во моментов има многу мал Touch Bar“
Студентот Касап, раскажувајќи дека откако „Apple“ започнал во моделот „MacBook Pro“ да вградува Touch Bar во горниот дел на тастатурата, рече дека започнал да размислува на тој дел од тастатурата да ѝ даде поголема оригиналност, и продолжи со зборовите:
„Почнав да размислувам, како би изгледало доколку во тој дел додадам нови функции. На пример, во моментот моделот „MacBook Pro“ има многу мал Touch Bar. Со тој дел меѓу другото, можете да го засилите или намалите звукот, или да го исклучите компјутерот. Почнав да размислувам како можам тоа да го унапредам, како да ја зголемам функционалноста. Додека работиме на компјутер, често е потребно да го користиме телефонот. Размислував како може преку тастатура на допир, во исто време да се пристапува и до компјутерот и до апликациите од телефонот. Како можеме преку тастатурата, додека работиме на компјутерот, без да го затвориме проектот, во делот над тастатурата да се има пристап до профилите на социјалните мрежи, како што е на пример Инстаграм.“
Фуркан Касап истакна дека преку споменатиот дизајн на тастатура, можно е користење на Инстаграм (Instagram), Фејсбук (Facebook), Твитер (Twitter) и ФејсТајм (FaceTime), и дека при пристигнување на порака, ќе биде можно да се пристапи до нив преку делот над тастатурата, без да се допираат табовите од тастатурата.
Касап рече дека како дизајнер нуди алтернативни решенија за дизајнот на уредите коишто луѓето најчесто ги употребуваат. „Во моите концептуални трудови, всушност, целта е вметнување инспирација во брендовите, да се покаже како еден постоечки предмет може да се користи, дизајнирајќи негова унапредена верзија.“
- На пријателите за дизајнот им рекол дека е изработен од „Apple“, и ги запрашал дали им се допаѓа
Младиот дизајнер Касап изјави дека концептот „MacBook Pro 2018 Touch“ го изработил по дводневна работа. Првенствено својот труд го споделил на социјалните мрежи преку својот профил, по што, своите блиски пријатели ги запрашал „Ова го направил „Apple“, што мислите, како излегло?“, со цел да ги види реакциите.
Откако неговата најблиска околина дала „одлична оценка“, тој својот дизајн го испратил до светски познатиот блог за технолошки дизајн „Yanko Design“, по што дизајнот бил објавен на блогот.
Касап рече дека по објавувањето на концептуалното решение во „Yanko Design“, светски познатите списанија, како што се Форбс“ (Forbes), „Дигитал трендс“ (Digital Trends), „Некст веб“ (The Next Web) и „Јаху фајненс“ (Yahoo Finance), го објавиле неговиот дизајн на своите страници, по што неговиот концепт „MacBook Pro 2018 Touch“ е објавен на 27 блога за дизајн и веб-страниците за информации на 11 јазици.
Касап, информирајќи дека по објавениот проект добил понуди за различна соработка, продолжи со зборовите „Мојата цел не е ова да го произведам. Произведувајќи го, јас не би можам да го изработам и софтверот за него. Целта ми е да дадам идеја, да покажам дека идејата функционира. Повторно „Apple“ е тој кој може да го изработи.“
На студентите кои покажуваат интерес кон дизајнот, Касап им предлага „научете ја примената“, истакнувајќи дека како претприемачи, за потребите на дизајнот на проектите не треба да зависат од други, и потенцирајќи дека ќе треба да се научи една од програмите за дизајн, или неколку од нив.