İzzet Mazi
31 Јануари 2019•Ажурирај: 02 Февруари 2019
КИЛИС (АА) - ИЗЕТ МАЗИ -
Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, кој престојуваше во посета на Турција, им се заблагодари на турските власти и ја пофали земјата за сите активности на полето на згрижувањето на сириските бегалци, пишува Anadolu Agency (AA).
Божиновиќ вчера имаше можност да го посети бегалскиот камп во близина на турски Низип, долж границата со Сирија, а во разговорот со новинарот на АА нагласи дека активностите на Турција на тој план се за секоја пофалба.
„Сакам да ѝ се заблагодарам на Владата на Република Турција и на нејзините претставници. Колку што имав можност да забележам, бегалците во камповите во Турција се чувствуваат како дома. Овде им се пружаат сите услуги, од училишта, болници, па сѐ до курсеви за возрасни“, рече Божиновиќ.

Тој истакна дека Република Турција во бегалските кампови не ги обезбедува само основните потреби за живот, туку дека истовремено се гради и една многу силна врска помеѓу Сиријците и Турците. Според него, врската помеѓу народите на Турција и Сирија со текот на времето ќе биде сѐ посилна.
Особено го фасцинирал фактот дека во камповите се раѓаат голем број бебиња.
„Добивме информации дека само во кампот во Килис досега се родиле 3.200 бебиња. Тоа се сериозни цифри. Со поддршка на Обединетите нации, на овие деца мора да им обезбедиме квалитетна иднина“, рече хрватскиот министер Божиновиќ.