Mehtap Yılmaz,Erdal Çelikel
31 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Приходот од туризмот на Турција во 2018 година се зголеми за 12,3 отсто во споредба со претходната година, достигнувајќи 29 милијарди 512 милиони и 926 долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Заводот за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти статистиките за туризмот во 2018 година.
Според ТУИК, приходот од туризмот на Турција во 2018 година се зголеми за 12,3 отсто во споредба со претходната година, достигнувајќи 29 милијарди 512 милиони и 926 долари.
Се наведува дека 81,8 отсто од овие приходи (со исклучок на трошоците за мобилен роаминг и трошоците за услуги на пристаништа) се реализирани од странски посетители, додека 18,2 отсто од турските државјани кои живеат во странство.
Според Заводот за статистика на Турција, 22 милијарди 546 милиони и 616 долари од минатогодишните приходи биле лични трошоци, додека 6 милијарди 966 милиони и 311 долари биле трошоци за туристички аранжмани.
Во овој период трошоците по лице во просек биле 647 долари, при што за странците трошоците во просек биле 617 долари, додека за турските државјани кои живеат во странство биле 801 долар.
Бројот на посетители кои излегле од Турција во 2018 година се зголеми за 18,1 отсто во споредба со претходната година, достигнувајќи 45 милиони 628 илјади и 673 лица, од кои 85,4 отсто (38 милиони 951 илјада и 902 лица) се странци, додека 14,6 отсто (6 милиони 676 илјади и 771 лица) со државјани на оваа земја кои живеат во странство.
- Туристичките трошоци се намалија за 4,7 отсто -
Бројот на државјани на Турција кои биле во странство е намален за 5,7 отсто во споредба со претходната година, односно таа бројка изнесува 8 милиони 383 илјади и 432 лица, а нивните лични трошоци во просек по лице изнесуваат 584 долари.
Минатата година трошоците на турските туристи коишто заминале во странство се намалија за 4,7 отсто во споредба со претходната година, односно се намалија на 4 милијарди 896 милиони и 310 долари, од кои 3 милијарди 936 милиони и 986 долари биле лични трошоци, додека 959 милиони и 324 илјади долари биле трошоци за туристички аранжмани.