06 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ
Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Фатих Донмез, истакна дека бродот за сондажа „Јавуз“ испловил од пристаништето Хајдарпаша и се придвижил кон пристаништето Филиос, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Донмез на својот профил на Твитер напиша: „Нашиот брод за сондажа „Јавуз“ исплови од пристаништето Хајдарпаша и се придвижи кон пристаништето Филиос. Нашиот брод ќе се упати кон длабочините на Црното Море, откако ќе се изведат монтажните работи на кулата.“
Бродот за сондажа „Јавуз“ пристигна на пристаништето Хајдарпаша на 15 август за подготовките за преминот на Босфор и демонтажа на кулата.
Бродовите за сондажа „Јавуз“, „Фатих“ и „Кануни“ регистрирани се во инвентарот на Турската национална нафтена компанија (TPAO) и ќе работат во Црното Море, каде што продолжуваат активностите за сондажа и тестирање.
Бродот за сондажа „Фатих“, кој откри вкупно 540 милијарди кубни метри природен гас во последната година во Црното Море, во моментов дупчи во изворот Туркали-5.