Турција

Турскиот брод „Оруч Реис“ пристигна во Сомалија за истражување на резерви на нафта и гас

Бродот отплови за Сомалија овој месец за да спроведе сондажа за резерви на нафта и природен гас во три области, за кои Туркије има обезбедено лиценци за истражување

Handan Kazancı  | 25.10.2024 - Обновена : 27.10.2024
Турскиот брод „Оруч Реис“ пристигна во Сомалија за истражување на резерви на нафта и гас

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот брод за истражувања „Оруч Реис“ пристигна во близина на брегот на Сомалија за да спроведе сондажа за резерви на нафта и природен гас, соопшти денес турскиот министер за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, јавува Анадолу.

„'Оруч Реис' пристигна до локацијата на својата мисија по патувањето меѓу континентите“, сподели Бајрактар ​​на X.

Министерот и сомалискиот претседател Хасан Шеик Мохамуд ќе присуствуваат на церемонијата на пречекување на бродот за истражувања подоцна во текот на денот.

Бродот отплови за Сомалија овој месец за да спроведе сондажа за резерви на нафта и природен гас во три области, за кои Туркије има обезбедено лиценци за истражување.

„Оруч Реис“ ќе спроведе тридимензионални сеизмички студии во области во близина на брегот на Сомалија. Се очекува мисијата да трае приближно седум месеци и ќе вклучува собирање податоци и за нафтата и за природниот гас. Овие податоци ќе бидат анализирани во Анкара за да се идентификуваат потенцијалните локации за дупчење.

Претходно годинава Туркије и Сомалија потпишаа меморандуми за разбирање меѓу нивните министерства и влади. Според овие договори, „Туркиш петролеум“, турска национална нафтена компанија, доби лиценци за три офшор подрачја во сомалиските води. Министерството планира да спроведе истражувања низ трите лиценцирани зони, а секоја зафаќа површина од околу 5.000 квадратни километри.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.