Tufan Aktaş
08 Октомври 2020•Ажурирај: 09 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ
На реката Нил во Уганда се преврте патнички брод. Во несреќата животот го загубија 5 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста објавена во весникот „Дејли монитор“ (The Daily Monitor), брод со 8 патници кој по реката Нил се движел кон местото Нвоја во подрачјето Паквач, се превртел поради силниот ветер.
Претставници на полицијата информираа дека по несреќата пронајдени се безживотните тела на 5 лица, меѓу кои и на едно тримесечно бебе, а 3 лица се спасени.
Во Уганда каде што е широкораспространет патничкиот сообраќај по реките Нил и Алберт кои се погодни за пловидба, бродските несреќи се честа појава поради преоптоварување на бродовите и лошите временски услови.