Nuran Erkul Kaya
25 Јуни 2021•Ажурирај: 26 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - НУРАН ЕРКУЛ КАЈА -
Бродот „Ертугрул Гази“, кој е првиот брод за складирање и гасификација на течен природен гас (FSRU) со турско знаме, во мрежата на природен гас ќе може да испумпува 28 милиони гас дневно, јавува Агенција Анадолија (АА).
Наведениот капацитет сочинува 8,2 проценти од вкупниот дневен капацитет на природен гас што може да се испорача на системот во Турција.
На утрешното започнување со работа на бродот „Ертугрул Гази“ ќе присуствува и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Со бродот „Ертугрул Гази“ ќе управува турската компанија за нафтоводи и транспорт на нафта БОТАШ.
Со дневен капацитет за гасификација од 28 милиони кубни метри, бродот „Ертугрул Гази“ ќе исполни 8,2 проценти од дневниот капацитет на природен гас што се испорачува на системот во Турција.
Вкупниот капацитет за складирање на природен гас на бродот „Ертугрул Гази“, кој стигна до Хатај во април, е на ниво од 108 милиони стандардни кубни метри.
Бродот „Ертугрул Гази“ е со должина од 295 метри, широчина од 46 метри и висина од 63 метри. Се очекува значително да придонесе во снабдувањето со енергија на Турција.
- Други инвестиции за складирање и гасификација на течен природен гас (FSRU) во Турција -
Бродовите за складирање и гасификација на течен природен гас (FSRU) обезбедуваат снабдување со природен гас од различни извори на самото место без да бидат врзани за цевководи.
Иако „Ертугрул Гази“ е првиот брод за складирање и гасификација на течен природен гас (FSRU), регистриран во Турскиот поморски регистар, тука е и капацитетот „Етки Лиман“, кој започна да работи порано. Објектот, кој може да обезбеди 28 милиони кубни метри гас дневно, се наоѓа во Измир Алиага.
Покрај терминалот „ЛНГ Мармара“ на компанијата БОТАШ, со дневен капацитет од 37 милиони кубни метри, и терминалот „Егегаз ЛНГ“, исто така лоциран во Измир Алиага, дневно на системот доставува 40 милиони кубни метри природен гас.
Со тоа, дневниот капацитет на природен гас со кој може да се снабди системот достигнува 133 милиони кубни метри.
- Продолжуваат работите за нови терминали за природен гас -
Подземниот објект за складирање на природен гас „Туз Ѓолу“, на дневна основа може да испорачува 40 милиони кубни метри природен гас дневно, додека објектот за подземно складирање природен гас „Силиври“, исто така, дневно може да испорача 25 милиони кубни метри природен гас.
Од друга страна, Турција во системот преку Трансанадолскиот гасовод за природен гас, може да испорача 17,3 милиони кубни метри природен гас, со „Турски тек“ - 46,9 милиони кубни метри, а со „Синиот тек“ - 47,3 милиони кубни метри природен гас. Дневниот капацитет на иранскиот гас изнесува 28,5 милиони кубни метри.
На тој начин, со своите цевководи, ЛНГ и подземното складирање, Турција во моментов може да обезбеди 338 милиони кубни метри природен гас дневно на мрежата за природен гас.
Со терминалот „Сарос“, кој се гради од страна на БОТАШ, има за цел да испорача 28 милиони кубни метри гас на дневна основа.