Tuğba Yardımcı
26 Јануари 2022•Ажурирај: 27 Јануари 2022
ТРАБЗОН
Турција извезла 9.875 тони мед, во вредност од 30,5 милиони во 55 земји во 2021 година, соопшти Здружението на извозници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според бројките на Здружението на извозници на источното Црно Море (DKIB), извозот на годишно ниво се зголемил за 65 проценти во обем и 18 проценти во вредност.
Соединетите Американки Држави (САД), Германија, Шпанија и Израел беа главните дестинации за извоз на турскиот мед во 2021 година.
Сафет Калјонџу, претседателот на ДКИБ, рече дека побарувачката за додатоци во исхраната, вклучително и за мешавини кои содржат мед, се зголемила поради пандемијата.