Necva Taştan
31 Мај 2024•Ажурирај: 31 Мај 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, денес оствари средба со својот холандски колега Ханке Бруинс Слот во чешкиот главен град Прага, соопшти турското Министерство за надворешни работи, пренесува Анадолу.
Средбата се случи на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.
Не се споделени дополнителни информации за средбата, но според изворите, Фидан се очекува да упати повик НАТО да го зголеми својот придонес во антитерористичкиот потфат и да ги нагласи очекувањата на Анкара од сојузниците во однос на борбата против терористичката организација ПКК.
Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучително и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Фидан, исто така, најверојатно ќе ги повика сојузниците во НАТО за укинување сите ограничувања за извоз на оружје во Туркије.