Şerife Çetin
28 Април 2021•Ажурирај: 29 Април 2021
АНКАРА / ЖЕНЕВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, се состана со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На својот профил на Твитер, Чавушоглу напиша дека остварил средба со Гутереш:
„Се сретнавме со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кој беше домаќин на неофицијалниот состанок 5 + ОН. Решението за Кипар треба да се заснова на меѓународниот еднаков статус и суверена еднаквост на двете страни.“
Министерот Чавушоглу, исто така, нагласи дека мирот и стабилноста за целиот регион можат да бидат можни само со соработка на двете држави на островот.