Bayram Altuğ
07 Февруари 2016•Ажурирај: 08 Февруари 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, телефонски разговараше со министерот за надворешни работи на САД, Џон Кери, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дипломатски извори, вчера, двајцата министри разговарале за ситуацијата во Сирија.
Чавушоглу кој беше во делегацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, при неговата посета на Јужна Америка, со Кери разговараше и во текот на неговиот престој во Лима, главниот град на Перу, како и за време на нивниот престој во Сантијаго, главниот град на Чиле.