Andaç Hongur
19 Март 2016•Ажурирај: 20 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, денес во Истанбул соопшти дека борбата против тероризмот, на сите полиња, одвнатре и однадвор, ќе продолжи решително, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу во Истанбул се сретна со иранскиот колега Џавад Зариф. Во изјавата за медиумите по состанокот, Чавушоглу рече дека во борбата против тероризмот очекува поддршка од целиот свет, првенствено од Европа.
„Тероризмот уште еднаш го покажа своето грозно и предавничко лице. Мета беа цивили”, рече Чавушоглу по повод терористичкиот напад кој се случи во утринските часови пред зградата на локалната самоуправа во улицата Истиклал во Истанбул, во кој загинаа пет, а ранети беа 36 лица.
Турскиот министер во врска со економските односи помеѓу Турција и Иран изјави дека двете страни сакаат обемот на трговска размена да го донесат на ниво од 30 милијарди долари.
Министерот Чавушоглу за спроведувањето на прекинот на огнот во Сирија рече дека Турција и Иран заеднички делуваат и дека целовитоста на сириската територија е важно за обете земји. Тој истакна дека и двете земји ќе ги преземат сите потребни напори во врска со тоа. Министерот за надворешни работи на Турција истакна дека ПЈД, кој е огранок на терористичката организациија ПКК во Сирија, не се бори против ДАЕШ за единство, ниту за слобода на Сирија.
Во врска со безвизниот режим,Чавушоглу рече дека Турција исполнила повеќе од половина од 72-та критериуми кои треба да ги исполни.
Министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф, им изрази сочувство на турскиот народ и држава по повод загинувањето на петте лица во денешниот терористички напад во Истанбул и ги осуди сите терористички напади, а на повредените им посака брзо заздравување.
Зариф кажа дека Иран им придава голема важност на односите со Турција.
„Се надевам дека обемот на трговската размена меѓу двете земји ќе биде доведен на ниво од 30 милијарди долари. Ситуацијата е погодна за развивање на деловната соработка”, рече Зариф и додаде дека Иран гледа на Турција како партнер на сите полиња.
Иранскиот министер истакна дека во иднина Иран сака да развие посилни врски со Турција, отколку што се тие денес.
„Сакаме посилна соработка на полето на безбедноста, политиката и економијата. Делиме слични мислења во врска со регионалните теми, свесни сме за заканите и ризиците”, нагласи министерот Зариф, кој додаде дека постојат одредени разијдувања во мислењата, но дека ги делат мислењата за важните теми.
„Сметаме дека треба да се обезбеди целосноста на територијата на сите земји, поготово на Сирија и Ирак. Внатрешните судири треба да завршат”, рече иранскиот министер за надворешни работи Зариф.
Тој потсети за прогласениот привремен прекин на огнот во Сирија, за што се надева дека на крај ќе заврши постојан мир.
„Сакаме мир во регионот. Веруваме дека со дијалог можеме да ги решиме проблемите”, појасни Зариф.
Тој додаде дека се против сите активности кои ја нарушуваат целовитоста на сириската и ирачката територија.