Турција

Турскиот министер за надворешни работи ќе присуствува на самитот за регионална безбедност во Јордан

На состанокот ќе присуствуваат министрите за надворешни работи и за одбрана, началниците на генералштабовите и шефовите на разузнавачките служби на Туркије, Јордан, Ирак, Либан и Сирија

Muhammet Tarhan  | 08.03.2025 - Обновена : 09.03.2025
Турскиот министер за надворешни работи ќе присуствува на самитот за регионална безбедност во Јордан

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, утре ќе присуствува на самитот за регионална безбедност во јорданската престолнина Аман, соопштија турски дипломатски извори, јавува Анадолу.

На состанокот ќе присуствуваат министрите за надворешни работи и за одбрана, началниците на генералштабовите и шефовите на разузнавачките служби на Туркије, Јордан, Ирак, Либан и Сирија.

Фидан ќе биде придружуван од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, и шефот на Турската разузнавачка агенција (МИТ) Ибрахим Калин, изјавија изворите.

Разговорите ќе се фокусираат на зајакнување на соработката во безбедноста, борбата против тероризмот и активностите за борба против организираниот криминал, како и на пошироката динамика во регионот.

Фидан, Ѓулер и Калин на 15 јануари одржаа слични средби со своите сириски колеги во Анкара, со јорданските колеги на 6 јануари исто во Анкара и со ирачките колеги на 14 март во Багдад.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın