Ali Murat Alhas
02 Јуни 2021•Ажурирај: 03 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Турција придонесува за мисиите на НАТО и ја продолжува својата борба против терористичките организации во јужниот дел на Европа и НАТО, имено ДЕАШ и ЈПГ/ПКК, изјави министерот за одбрана, Хулуси Акар пред неговите колеги на виртуелниот Самит на НАТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението издадено од турското Министерство за национална одбрана, Хулуси Акар, заедно со уште 30 други министри за одбрана на земјите од НАТО размени мислења на состанокот на кој учесниците го разгледаа напредокот и развојот на настаните на НАТО во 2023 година во Авганистан.
Акар истакна дека Турција ја презема одговорноста за Здружените единици со многу висока подготвеност (VJTF) на НАТО во 2021 година во случај на појава на криза и секогаш го извршувала својот дел во вежбите на НАТО „Цврст бранител-21“ (Steadfast defender-21).
„Покрај постојните придонеси за НАТО, Турција дополнително придонесе и кон воздухопловното патролирање на НАТО и летовите за регионална безбедносност заедно со неговите копнени, поморски и воздушни елементи, со примената на своите сајберспособности“, се вели во соопштението.
Што се однесува до развојот на настаните во Авганистан, Акар предупреди дека поддршката од НАТО и индивидуалната поддршка од неговите сојузници мора да продолжат, во спротивно би постоел ризик да се изгуби целиот веќе постигнат напредок.