Hayati Akçay
23 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
ГИРЕСУН
Најмалку четири лица загинаа, а 11 се водат како исчезнати во поплавите и клизиштата кои ја погодина североисточната турска област Гиресун, јавува Anadolu Agency (AA).
Бекир Пакдемир, министерот за земјоделство и шумарство, денес ја посети областа погодена од поплавите Гирресун, на брегот на Црното море на севеоистокот на Турција.
Во разговорот со новинарите рече дека во акциите на помош се ангажирани сите државни институции и дека на ова подрачје се наоѓаат двајца државни министри кои ги следат случувањата на теренот.
„Заедно доживавме многу катастрофи но ова е прв пат да видам вакви поплави и природна катастрофа. Навистина, обликот на градот потполно се смени. Нивото на кое се наоѓа градоте се смени. На некои места видовме дека водата нанела земја и песок во висина од дури два до три метри. Некои трговски објекти се покриени со песок до кров. Секако, најмногу ни е жал за човечките животи", рече Пакдемили.
Порача дека властите ќе направат се за да им пружат помош на граѓаните на кои им се оштетени куќите и објектите, додавајќи дека ќе преземат итни мерки бидеќи се очекуваат врнежи.
„Во соработка со сите институции ќе ги исчистиме улиците и плоштадите. Се надевам дека што поскоро ќе ја надминеме оваа катастрофа", рече Пакдемирли.
Министерот за внатрешни работи на Турција Сулејман Сојлу исто така ја посети областа Гиресун и рече дека спасувачките екипи спасиле најмалку 127 луѓе. Тој рече дека меѓу загинатите е и еден припадник на жандармеријата, а дека потрагата по исчезнатите и понатаму трае.
Укажувајќи на големата материјална штета која поплавите во текот на ноќта ја предизвикале, Сојлу рече дека патната комуникација е прекината со вкупно 118 села во тој регион. Тој предупреди и на метеоролошката најава за можни поголеми врнежи во уште неколку места во Гиресун.
Поплавите однесоа многумина возила кои се најдоа на патиштата и улиците,а во клизиштата се уништени бројни куќи, трговски објекти и згради. Во акциите на пребарувањето и спасувањето учествуваат бројни спасувачки екипи од неколку турски градови како и хеликоптери.