Barış Gündoğan
18 Мај 2019•Ажурирај: 20 Мај 2019
АНКАРА (AA) - Вооружените сили на Турција изведоа воздушна акција на северот на Ирак во текот на која се бомбардирани позициите на терористите на ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за одбрана на Турција соопштено е дека акциите се изведени на подрачјето Гара, а цел беа засолништа и складишта на вооружувањето на ПКК, кои се уништени.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористичките групи во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД).