Burcu Arik
16 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
АНКАРА (AA) – Со усвојување на 18. амандман на Уставот пратениците во Големото народно собрание на Република Турција (ТБММ) во недела, во првиот круг од гласањето усвоија сет на уставни промени во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Вториот круг од гласањето во парламентот предвидено е да биде одржан од 18. до 21. јануари, после што законот кој се однесува на уставните промени на 23. или 24. јануари ќе биде упатен на ратификација на претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган. Откако претседателот ќе го ратифицира законот ќе биде одреден точен датум за одржување на референдумот во врска со уставните промени. Според моменталните предвидувања на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија), референдумот би можел да биде одржан најрано на 16. март или најкасно во недела на 16. април 2017. година.
Доцна вечерва усвениот 18. амандман предвидува укинување на регулативата со која е предвидено претседателот на државата по изборот на таа функција да ги прекине врските со партијата која ја предводел или чијшто член бил до претседателските избори.
Истиот амандман предвидува зголемување на бројот на пратеничките места во турскиот парламент со сегашните 550 на 600 пратенички места. Во согласност со уставните измени, претседателските избори ќе се одржуваат на секои пет години, заедно со парламентарните.
На денешната седница на тајното гласање во врска со 17. амандман пристапија 484 пратеници, а предлогот го подржаа 342 од нив. Против беа 135 пратеници, двајца пратеници беа воздржани. Три гласачки ливчиња не се пополнети, а две ливчиња беа неважечки.
Според тој амандман ,парламентарните и претседателските избори ќе бидат одржани на 3. ноември 2019 година. До наредните избори, актуелните пратеници и претседателот ќе останат на таа функција.
Уставните реформи и преминувањето на претседателскиот систем во Турција е на политички дневен ред веќе подолго време.
Уставната комисија на Големото народно собрание на Република Турција (ТБММ) на 30. декември минатата година го усвои предлог законот за уставните промени во таа земја, а кој 20 дена претходно е испратен на претседателот на парламентот на таа земја Исмаил Кахраман.
Расправата за предлог-законот, кој го потпишаа 316 пратеници на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија), траеше 10 дена.
Сетот на уставните промени најнапред се состоеше од 21 амандман, за да бројот на амандманите подоцна биде намален на 18. Една од најважните ставки во сетот на уставните промени е воведување на претседателскиот систем што подразбира намалување на бројот на министерствата. Исто така, лицето кое ќе биде избрано за претседател нема да ја прекине врската со својата партија. Претседателот на државата исто така, ќе има овластување за именување на високи функционери во јавната управа.
Уставните измени опфаќаат измени според кои бројот на пратениците во турскиот парламент со 550 се зголемува на 600. Минималната старосна возраст за влез во турскиот парламент ќе биде намалена од 25 на 18 години. Покрај АК Парија, сетот на уставите измени го поддржа и опозициската Партија на национално движење (МХП).
Премиерот Бинали Јилдирим претходно укажа на важноста на уставните промени во таа земја изјавувајќи дека претседателскиот систем значително ќе придонесе во понатамошното јакнење и развојот на Турција на сите полиња.