Mahmoud Barakat
07 Јануари 2017•Ажурирај: 07 Јануари 2017
БАГДАД (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим денес пристигна во ирачкиот главен град, Багдад, на официјална посета за да разговара за регионалните прашања вклучувајќи ја билатералната соработка против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дописникот на АА, Јилдирим на меѓународниот аеродром во Багдад пристигнал заедно со високата владина делегација.
Состанокот затворен за медиуми беше оддржан помеѓу Јилдирим и неговиот ирачки колега Хајдар ал-Абади.
Се очекува премиерот да одржи уште состаноци со ирачкиот претседател Фуад Масум како и со портпаролот на парламентот Салим ал-Џабури.
Регионалната стабилност и безбедност се на врвот на агендата на премиерот за време на неговата посета, особено чекорите за зацврстување на билатералната соработка против терористичките групи ПКК, ДЕАШ и ФЕТО.