Serdar Dincel
25 Август 2025•Ажурирај: 26 Август 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го осуди израелскиот напад врз болницата „Насер“ во Газа, наведувајќи дека суровата влада на Бенјамин Нетанјаху немилосрдно продолжува со своите брутални напади за уништување на сè што му припаѓа на човештвото, јавува Анадолу.
Изјавите на Ердоган следеа по состанокот на Кабинетот што се одржа во источната турска област Битлис.
Неговите изјави за израелскиот напад дојдоа откако Министерството за здравство на Газа потврди дека 20 Палестинци, меѓу кои пациенти, здравствени работници, персонал од цивилната одбрана и новинарски екипи, се убиени, додека повеќемина се повредени во нападот.
Во врска со проектот за Коридорот Зангезур, Ердоган рече дека со имплементацијата на овој проект со сите негови елементи, економската соработка меѓу Турција, Азербејџан и Ерменија ќе добие нова димензија.