Zafer Fatih Beyaz
26 Октомври 2021•Ажурирај: 26 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган отпатува во посета на Баку, Азербејџан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган и делегацијата на аеродромот „Есенбога“ го испратија гувернерот на Анкара, Васип Шахин, и други официјални претставници.
Во Баку отпатуваа и министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за одбрана Хулуси Акар, министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу, шефот на Одделот за комуникации Фахретин Алтун и портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин.
Ердоган и делегацијата, на покана на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, ќе престојува во еднодневна посета, а ќе присуствува и на отворањето на Меѓународниот аеродром во Фузули.
Се очекува дека делегацијата ќе присуствува и на церемониите на поставување на камен темелник за делница на тоа подрачје и Кампусот за паметно земјоделство во Зенгилан, кој ќе биде изграден со поддршка на Турција.
За време на посетата ќе се разговара за односите на Турција и Азербејџан и чекорите за продлабочување на соработката.
Се очекува дека ќе стане збор и за актуелните регионални и меѓународни прашања.