Zafer Fatih Beyaz
07 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
ДОХА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамките на еднодневната работна посета на Катар се состана со емирот на Катар, шеикот Темим бин Хамед ал Тани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тет-а-тет средбата, која траеше 1 час и 10 минути, се одржа во Морскиот дворец во главниот град Доха.
Средбата беше затворена за медиумите.
По состанокот започна работниот ручек.