Dilara Hamit
01 Мај 2022•Ажурирај: 01 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека новите обиколници во северозападната турска област Киркларели ќе ја поврзат земјата со зоната на слободна трговија на Европската Унија (ЕУ), јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган ги отвори новите обиколници преку видеолинк од Истанбул.
Обиколниците во подрачјето на Пинархисар и Чакили сочинуваат важен дел од проектот во должина од 71 километар што го поврзува Киркларели со организираните индустриски зони и зоната на слободна трговија на ЕУ.
Тој посочи дека имаат завршено значителен дел од патиштата на оваа траса во тој дел на Турција, која е еден од водечките производно-трговски центри во земјата, и која сообраќајот го насочува кон Бугарија.
„Претходно го отворивме преминот кон градот Киркларели. Денес, заедно со обиколницата во должина од 7,5 километри низ Пинархисар и 3-километарската обиколница кај Чакили, пуштивме во употреба вкупно 22 километри од проектот“, рече Ердоган.
Турскиот претседател изјави дека речиси 7.000 возила дневно ќе ја користат новата траса, која ќе го намали времето на патување од 78 минути на 45 минути.
Ердоган рече и дека количината на емисиите на јаглерод диоксид исто така ќе се намали за повеќе од 7.000 тони.