Merve Yıldızalp Yormaz
08 Ноември 2025•Ажурирај: 09 Ноември 2025
БАКУ/ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес оствари средба со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во Баку, главниот град на Азербејџан, јавув Анадолу.
Средбата зад затворени врати се фокусираше на регионалните и глобалните случувања.
На средбата на претседателот Ердоган му се придружија турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за одбрана Јашар Ѓулер и шефот на турското разузнавање Ибрахим Калин.
Ердоган претстојува во Баку по повод Денот на победата на Азербејџан, 8 ноември. Претходно истиот ден, тој и Шариф присуствуваа на воена парада како дел од свеченостите.