Fatma Zehra Solmaz
17 Август 2025•Ажурирај: 18 Август 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес им оддаде почит на жртвите од земјотресот кој во 1999 година го погоди Мраморниот регион, од кој поминаа 26 години, јавува Анадолу.
Во објава на социјалните мрежи, Ердоган истакна: „Дури и денес, во нашите срца сè уште ја чувствуваме болката на нашите граѓани кои ги загубија животите во земјотресот во Мраморниот регион на 17 август 1999 година. На годишнината од оваа голема трагедија, се молам за Божја милост за оние кои ги загубија животите и уште еднаш им изразувам сочувство на нивните семејства и роднини.“