Sümeyye Dilara Dinçer
09 Март 2026•Ажурирај: 10 Март 2026
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес оствари одвоени телефонски разговори со својот азербејџански и јужнокорејски колега во врска со тековните напади на САД и Израел врз Иран и одмаздничките напади на Техеран на Блискиот Исток, јавува Анадолу.
Според турски дипломатски извори, Фидан разговарал со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов и јужнокорејскиот министер за надворешни работи Чо Хјун.
За време на телефонските разговори, министрите за надворешни работи разменија мислења за чекорите што би можеле да се преземат за намалување на тензиите во регионот.
Регионалните тензии ескалираа по 28 февруари кога САД и Израел извршија заеднички напади врз Иран во кој се убиени повеќе од 1.200 луѓе, меѓу кои и врховниот лидер, ајатолахот Али Хаменеи.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел и земјите од Пеаливот каде што се наоѓаат американски воени бази.