Erdoğan Çağatay Zontur
12 Март 2019•Ажурирај: 14 Март 2019
АНКАРА (АА) - Во воздушните напади на турските сили изведени во текот на денешниот ден во Северен Ирак уништени се складишта за муниција и засолништа на терористичката организација ПКК, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Во соопштението на турското Министерство за одбрана се вели дека нападите биле насочени кон позициите на ПКК во ирачкиот регион Зап.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на 40.000 лица, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.