Erdoğan Çağatay Zontur
11 Декември 2019•Ажурирај: 12 Декември 2019
ДИЈАРБАКИР (АА) - Турските безбедносни сили денеска приведоа 17 лица поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Приведувањата се извршени откако обвинителите во Дијарбакир издадоа налози за приведување на 19 осомничени лица“, се вели во соопштението издадено од канцеларијата на гувернерот во областа.
Жандармериските сили извршија операции во подрачјата Диџле, Лиџе, Хани, Коџакој, Баглар и Кајапинар.
Во соопштението се додава дека операциите се во тек.
Во меѓувреме, четворица терористи на ЈПГ/ПКК се предадоа на безбедносните сили во југоисточната област Ширнак, вели извор кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Тројца терористи се предадоа на граничниот премин Хабур, додава изворот.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.