Serkan Avci
18 Септември 2021•Ажурирај: 19 Септември 2021
МЕРСИН (АА) - Турските безбедносни сили приведоа три лица во јужна Турција осомничени за поврзаност со терористичките организации ПКК и ДЕАШ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Осомничените се приведени во операција рано утрово во подрачјето на Торослар, Акдениз и Јенишехир во турската област Мерсин“, се наведува во соопштението на Командата на обласната жандармерија.
При претресите на адресите на осомничените запленети се голем број документи и дигитален материјал.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.