Sena Güler,Gözde Bayar
19 Март 2021•Ажурирај: 20 Март 2021
ИСТАНБУЛ/АНКАРА/АДАНА (АА) - Турските безбедносни сили приведоа 35 осомничени лица, меѓу кои и членови на опозициска партија, како дел од операциите против терористичката организација ПКК низ земјата, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Антитерористичките полициски тимови во Истанбул започнаа истовремени операции во четири подрачја за да приведе 15 осомничени кои беа барани со налози поради извршување на активности во име на ПКК“, изјавија изворите, кој зборуваа под услов на анонимност.
„Копретседателите на Народната демократска партија (ХДП) за подрачјето на Кагитане и копретседателот за подрачјето на Бешикташ беа приведени за време на операцијата“, вели изворот.
„Десетмина од осомничените се приведени, додека потрагата по останатите петмина осомничени е во тек“, додава изворот.
За време на операцијата се запленети документи и дигитален материјал на организацијата.
Главниот турски обвинител поднесе обвинение против ХДП со барање за затворање на партијата, која е обвинета за кршење на Уставот и демократските принципи, и за поврзаност со терористичката организација ПКК.
Одделно, антитерористичките полициски тимови во јужната област Адана започнаа уште една операција против терористичката организација ПКК, според безбедносни извори.
Осум лица кои според наводите учествувале во нелегалните демонстрации на терористичката организација и уште седум други осомничени за ширење терористичка пропаганда на социјалните мрежи се приведени со помош на полицијата за специјални операции.
„Обвинителите во главниот град Анкара исто така бараа приведување на 12 лица осомничени за поврзаност со ПКК како дел од истрагата против терористичката организација“, се соопштува од канцеларијата на обвинителот.
„Имаше наводи дека осомничените, меѓу кои и поранешен челник на дистрикт од партијата ХДП, подготвувале демонстрации во градот по повиците и упатствата на веб-страниците поврзани со терористичката организација“, се вели во соопштението.
Десетмина од нив се фатени од полициските тимови и во тек е операцијата за приведување на преостанатите осомничени.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и САД. Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.