Ali Murat Alhas
28 Ноември 2021•Ажурирај: 29 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Турската војска уништи пештера користена од терористичката организација ПКК во северен Ирак и заплени големо скривалиште со оружје и муниција, објави турското национално Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението Министерството потсетува дека антитерористичките операции „Канџа-молња“ и „Канџа-гром“ се започнати во април и дека продолжуваат со целосна решителност.
Се нагласува дека безбедносните сили влегле во пештерата користена од високи припадници на терористичката организација во подрачјето на Бисур и заплениле материјали за преживување и оружје, меѓу кое и М-16.
Запленети се и два „Зу-23/35“ противвоздушни митралези, противтенковски фрлач на гранати, 11 парчиња противтенковска муниција, еден ракетен фрлач РПГ-7 , три митралези „бикси“, три снајпери, две пешадиски пушки M-16, еден противвоздушен митралез ДШК заедно со неколку рачни бомби, мини и импровизирани експлозивни направи.
Минатата недела, Министерството објави дека во рамките на антитерористичките операции во последните седум месеци неутрализирани се 831 терорист.
Турските беспилотни летала темелно го анализираат подрачјето на операциите за да ги идентификуваат целите. Голем број засолништа и пештери што користени од страна на ПКК со години се целосно уништени.
Борбата против терористичката организација, што претставува закана и за Ирак и што ѝ штети на стабилноста во регионот, продолжува во координација и блиска соработка со Ирак.
Во над 35-годишната терористичка кампања против Турција, терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и доенчиња.