Didar Yüsra Dilruba Öz
29 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
АНКАРА (АА) – Најмалку 11 терористи се убиени во воздушни напади кои ги изведоа турските воздушни сили врз четири упоришта на ДЕАШ на западот од сириската провинција Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека турските бомбардери уништиле четири бази кои терористите на ДЕАШ ги користеле во подрачјето на Баратах, Дана и Зазур.
Во соопштението се наведува дека во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат" турските воздушни сили со беспилотни летала исто така гаѓале и уништиле две оклопни возила на терористите на ДЕАШ во истите подрачја.
Паралелно со тоа, еден турски војник загина во судирите со терористите на ДЕАШ на крајниот север на Сирија.
Офанзивата „Штитот на Еуфрат" покрената е на 24 август на северот на Сирија поради неутрализација на терористичките закани со акцент на ДЕАШ и јакнење на безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас. Генералштабот на турската војска соопшти дека во изминатите 24 часа, односно 96. дена од офанзивата, нападите врз терористичките упоришта продолжуваат.
Офанзивата ја предводат сириските опозициски сили, а во согласност со меѓународното право за самоодбрана ги поддржуваат и турските сили, како и меѓународната колаиција за борба против ДЕАШ.
Од почетокот на офанзивата до сега од терористите на ДЕАШ ослободени се најмалку 215 населени места, кои во северниот пограничен појас на Сирија се простираат на површина поголема од 1.800 квадратни километри.