Meltem Öztürk
29 Ноември 2016•Ажурирај: 30 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Националните палати коишто се дел од Големото народно собрание на Турција досега биле посетени од 899.258 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Најголем број посетители во една законодавна година на Парламентот, во периодот од 17 ноември 2015 до 19 август 2016 година, имала палатата Долмабахче. Во споменатиот период, палатата ја посетиле 499.910 лица.
Палатата Бејбејли ја посетиле 96.562 лица и таа е на второто место според бројот на посетители.
- Водичи што го знаат знаковниот јазик -
До центарот на националните палати пристигнале побарувања за резервирање термини за посета на турските национални палати, музеи и сараи.
За посета на Големото народно собрание на Турција во периодот од една законодавна година биле направени 5.909 резервации, односно 193.968 посетители направиле резервации за посета на објектите коишто се во надлежност на Собранието.
Покрај тоа што водичите ги информираат посетителите за палатата Долмабахче, тие своите услуги на водич им ги овозможиле и на индивидуални посетители на останатите палати, музеи и сараи, при што се направени повеќе од 10.000 групни посети.
Покрај тоа, на барање на посетителите, секој понеделник од првата недела во месецот, во палатите Долмабахче и Бејлербеји има задолжен водич кој го познава знаковниот јазик.
Во меѓувреме, Музејот на ослободителната борба којшто се наоѓа во зградата на 1. Парламент предизвикува голем интерес кај посетителите. Во периодот од 1 октомври 2015 до 11 август 2016 година, овој музеј го посетиле 139.536 лица.